Народната банка лани извршила експертиза на 605 сомнителни банкноти од странски валути, при што, по направените анализи, било утврдено дека 600 од нив се фалсификати.

Најголем број од нив, или 533 парчиња биле евра, а остатокот американски долари.

Податоците од НБРМ покажуваат дека минатата година, речиси двојно бил зголемен бројот на фалсификувани евра.

Биле фалсификувани и денари од 485 сомнителни денарски бакноти, при што било утврдено дека 83 бакноти се оргинални додека останатите 402 книжни пари биле фалсификувани.

Најзастапени биле книжните пари од 500 денари, потоа следат бакнотите во апоени од 1.000 денари и фалсификатите од 100 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2018 00:34