Трет ден ВМРО-ДПМНЕ продолжува со рециклирано ширење на стари лажни вести во јавноста, обидувајќи се да пласира потрошени и лажни случаи, притоа губејќи секаков реален колосек на политичката сцена.

Јавноста добро памети дека токму во Струмица ВМРО-ДПМНЕ ги вршеше најсилните и најниски видови на притисоци, закани и уцени пред секои избори, а за време на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Општина Струмица беше претворена во епицентар на инспекции и проверки, со што, после сите контроли, инспекциите не успеваа да пронајдат ништо незаконско.

Очигледно, опозициската партја не може да се помири со транспарентното и одговорно работење на владата предводена од СДСМ и затоа трет ден очајнички се обидува да манипулира со стари, потрошени и измислени случаи.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2018 14:14