Во вечерашната емисија на Македонската телевизија, потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска истакна дека реформа во Македонија е политичарите да одат на работа бидејќи поранешниот премиер Никола Груевски се појавувал на работа после 12:00 часот, како одговор на обвинувањата на Александар Николоски дека во планот 3-6-9 биле предвидени небулози како реформи во Република Македонија.

„Реформа е кога луѓето на работа во Владата не доаѓаат во 12 или 13 часот, особено не Премиерот. И тоа е реформа. Факт е и цело Скопје знае дека Премиерот Груевски на работа доаѓаше во 13 или 14 часот“ изјави Радмила Шекеринска.

На ова Александар Николоски обвини дека сега владините службеници работат од 10 до 14 часот.

„И сега цело Скопје знае дека во еден хотел во центарот неможат ред да фатат во теретана од владини административци во тек на работно време„ - истакна Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2018 20:08