Во емисијата на Македонската телевизија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во дуел со потпретседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска обвини дека назначувањето на Командант Хоџа за советник во Владата на Република Македонија е еден од поголемите скандали кои што го има оваа Влада.
„Назначувањето на Командант Хоџа е еден од поголемите скандали кои што го има оваа Влада. Човекот беше прилично искрен и кажа дека тој е ангажиран за да го ослободи Танушевци, што значи дека до вчера било окупирано. Тоа му дава друга димензија на скандалот, односно Владата предводена од СДСМ нема контрола на цела територија на Република Македонија“.
Николоски додаде дека и ангажирањето на Хоџа за советник е навреда за Албанците во Република Македонија.
„Втора скандалозна причина која што јас ја гледам по назначувањето на Командант Хоџа за Советник во Владата на Република Македонија, е тоа што сметам дека тоа претставува навреда за Албанците во Република Македонија, да вакви луѓе со несоодветно образование стануваат советници на Премиерот а да неможат образовани луѓе, луѓе од Албанската интелектуална заедница кои што и како можат да допринесат за државата, да не можат да добијат таква привилегија, затоа што да бидете советник на Премиерот е прво привилегија заради тоа што значи дека во позадината на вашето CV има многу што да се прочита. Да не заборавиме и дека Бошкоски и Хоџа се на црната листа на САД, што значи дека ова е само задоволување на партиските интереси на СДСМ.“ истакна Николоски.
Шекеринска пак истакна дека и првиот коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ (мислејќи на ДПА предводена од Мендух Тачи) биле на црната листа на Соединетите американски држави.
„Ќе ве потсетам дека првиот ваш коалиционен партнер, според ваш избор, беше на црната листа на САД. Но тоа не ве спречи да ја градите својата најпосакувана коалиција. И второ никој не ги демантираше тезите дека и ВМРО - ДПМНЕ барала помош од Хоџа во однос на демаркацијата на границата со Косово“ - истакна Шекеринска.
Николоски ја искористи приликата и ги демантираше овие информации изнесени од Командантот Хоџа во интервјуто дадени за една телевизија велејќи дека ниту тој ниту било кој од ВМРО-ДПМНЕ му телефонирал и дека проблемот е кога Премиерот ќе го ангажира да му биде советник, а не се проблемот информациите и шпекулациите кои беа изнесени од самиот Хоџа, заклучи Николоски.