Поенти од говор на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

На економски план за жал мораме да констатираме дека Република Македонија во последната година забележува доста негативни резултати. Не е остварен очекуваниот економски раст, нема план за инвестиции во нови капитални инфраструктурни проекти ниту пак нови странски инвестиции, нема отворања на нови работни места, платите не се зголемуваат, незадоволни се сите категории на граѓани. Истовремено за 3 месеци Владата ги задолжи граѓаните на Македонија за нови 300 милиони евра, јавниот долг за прв пат ја урна психолошката граница од 5 милјарди евра, а државниот долг е веќе над 4 милијарди евра.

Да не заборавиме на податокот дека претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ за време на најголемата финансика и економска криза во светот, успешно привлече над 2 и половина милјарди евра странски инвестиции, отвори над 170.000 нови работни места и ја намали невработеноста од рекордно високите 38% во 2006 на 22% во 2017 година.

Искрено се плашам доколку Владата на СДСМ продолжи со тој негативен тренд многу лесно можеме да ги изгубиме тешко стекнатите конкурентни предности, кои уште ги имаме во однос на другите држави во регионот.

Таквите негативни економско финансиски перформанси не само што не ни одат во прилог, туку истовремено можат сериозно да не оддалечат од очите на потенцијалните странските инвеститори, од континуираните реформски процеси и од остварувањето на посакуваните евро-атлантски цели.

На крајот на мојата денешна дискусија би сакал да истакнам дека сум уверен дека можноста за отворен дискурс им помога на креаторите на политики да избегнат парализира во врска со макро-политиките на национално и глобално ниво. Земајќи го сето ова во контекст, моја уверување е дека настаните како денешниот се навистина продуктивни во оваа смисла, и најчесто водат кон создавње на нови идеи и концепти кои помагаат да се изградат заеднички стратегии. Споделувањето на идеи и глдеишта кои ја наоѓаат својата основа во заеднички споделени универзирани вредности е клучно во развивањето на стратегии насочени кон подобрување и напредување на нашата улога како носители на глобален мир.

Искуствата на сите рунди на проширување докажале дека перспективата на членство во НАТО и ЕУ остануваа клучна алатка кон обезбедување на долгорочна стабилост на глобалната сцена. Перспективата за Евро-Атланската ингерација на земјите од ЈИЕ е главна движечка сила која стои позади нивните политички, одбрабени, безбедноси и економски реформски агенди. Секоја од овие земји има развиено своја специфична динамика во процесот на реформа и исполнување на условите за членство на НАТО и ЕУ, и тие навистина мора да бидат евалуирани врз основа на својот специфичен мерит.

Порано се аргументираше дека Балканот страда од премногу историја и премалку географија, и како резултат на тоа единствен неизбежен одговор на потенцијалните закани на безбедноста во овој регион, и Европа, лежи во соработкат и интеграцијата. Во тој контекст, мора да ја наметнам тезата дека што побрзо НАТО и ЕУ ја завршат сеуште незавршната работа во нашиот регион, толку побезебедна ќе биде Европа. Во таа смисла, ЕУ и НАТО интеграцијата мора да бидат нагласени како клучна движечка сила која стои позади инклузивните сеопфатени општествени реформи.

Улогата на политичките лидер и да размислуваат и постапуваат во големи размери. Во таа смисла, јас ја гледам иднината на нашиот меѓусебно поврзан регион базирана на силни економски и трговски односи кои мора да бидат оснивани на силни внатрешни реформи на нашите правни, политички и економски системи. Наша улога е да ги подготвиме нашиот земји за динамичните и се повеќе променливите времиња на 21иот век. Времето за постапување е сега.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2018 00:30