Екипи на турската крајбрежна стража приведоа денеска 57 мигранти, кои се обиделе со гумен чамец да стигнат од турската област Балкесир до грчкиот остров Лезбос.

Гумениот чамец бил со вкупно 20 места.

Меѓу приведените мигранти, 56 се Сиријци, а еден е Пакистанец. Исто така меѓу бегалците имало 27 деца и 11 жени.

Се претпоставува дека било невозможно поради големо оптоварување чамецот да стигне од Турција до грчкиот остров.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2018 11:16