Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман денеска го повика сирискиот претседател Башар ел Асад „да ја ослободи Сирија од иранските сили“, бидејќи, според него, нивното присуство ја загрозува сириската држава.

- Асад, ослободи се од Иранмците... тие не ти помагаат... нивното присуство само ќе предизвика проблеми и штети, изјави Либерман за време на денешната посета на Голанската Висорамнина.

Тој нагласи дека Израел не сакаа тензии, туку дека нив ги предизвикуваат Иранците. - Ние не дојдовме на иранската граница, тие дојдоа тука, додаде израелскиот министер.

Израел вчера соопшти дека иранските сили стационирани во Сирија истрелале 20 ракети врз израелски позиции на Голанската Висорамнина. Како одговор, Израел изврши напади врз цели во Сирија, кои се оценети како најжестоки од почетокот на сирискиот конфликт во 2011 година.

Израеслките власти уште претходно најавија дека нема да толерираат директно иранско воено присуство во близина на гранаците на Израел.

Иран е главен регионален сојузник на сирискиот претседател Асад во конфликтот во Сирија.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2018 12:14