Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје кое стопанисува со паркинзите во општината не врши уплата на комуналната такса на сметка на Буџетот на општината која изнесува 6,3 милиони денари или околу 100 илјади евра.

Оваа неправилност ја забележува и Државниот завод за ревизија каде вели дека ова не е во согласност со одредбите од членот 20 од Законот за комуналните такси и тарифникот број 8 од Тарифата за комунални такси.

„ПОЦ“ како правен субјект е должен и тоа е потврдено со закон да врши наплата на такса која треба да ја уплатува на соодветна уплатна сметка во рамките на трезорската сметка на општината.

Со оглед дека ова е извештај за 2017-та година како директор на „ПОЦ“ се јавува сегашниот градоначалник Саша Богдановиќ кој свесно го прекршувал законот и тоа не само во овој случај туку и во годините наназад.

Саша Богдановиќ со оваа негова постапка ги има оштетено жителите на Центар и треба да понесе одговорност.

Почитувани,

„ПОЦ“ нема платено комунална такса наназад 5 години и на тој начин Општина Центар е покуса за околу 500 илјади евра. Уште потрагично да биде е што за оваа ситуација знаел сегашниот градоначалник Саша Богдановиќ но и неговиот претходник Андреј Жерновски.

Дополнително ако се уплати годишната такса спрема општината ќе се види дека „ПОЦ“ работи со финансиска загуба што е основ за недомаќинско работење.

Со редовно плаќање на оваа такса во изминативе 5 години можеа да се реновираат сите игралишта и да се заменат сите дотраени клупи и канти за ѓубре. Исто така со оваа сума може да се реновираат сите клонови на градинката „Корчагин“. Со 500 илјади евра може да се изгради новата градинка во Маџар Маало што е ветена од градоначалникот Богдановиќ или пак да реновираат минимум 10-тина улица во Општината. Исто така со оваа сума може да се купат 3.000 прочистувачи на воздухот или пак може да се засадат 6.000 дрва од типот Гинко.

Ваквото неодговорно однесување мора да престане.

Го повикуваме Јавното обвинителство и сите други надлежна институции да го испитаат ревизорскиот извештај и да се произнесат за тоа каде се отидени овие пари и зошто не се уплаќани во буџетот на општината.

Ова е класичен случај на недомаќинско раководење

Центарци заслужуваат одговорен и отчетен градоначалник кој ќе се грижи за нивните интереси.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2018 13:57