Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со македонската дијаспора во Словенија и членови на задграничните комитети на партијата.

Како што објави на социјалната мрежа Фејсбук, тие ја споделиле заедничката загриженост за состојбата во која се наоѓа Македонија.

-Воедно велат присутно е горкото чувство како Заев си поигрува со државните интереси во секој поглед и на секое ниво. Таквата состојба се надополнува и со тешкиот живот и секојдневие кои се живее во Македонија. На овие луѓе во Словенија, како и на секој Македонец каде и да е, воопшто не им е сеедно кога гледаат како им слабее земјата од која потекнуваат, земјата каде живеат нивните роднини и пријатели. Зоран Заев и СДСМ стануваат синоним за изнверени надежи и очекувања и со таква “купи ден” политика нема иднина. Секој ден нова лага, нов скандал. Им велам Македонија има сила има потенцијал и знаење за големи нешта, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Вели дека не толку далеку одсега ќе дојде денот кога ќе се разговара за посветли теми, за, како што вели, визијата која заеднички ќе ја оствариме за стабилна, просперитетна и европски интегрирана Македонија. Потенцира дека ќе се зборува и ќе се слават победи, а не порази.

И не толку далеку од сега ќе дојде денот кога ќе разговараме за посветли теми, за визијата која заеднички ќе ја оствариме за стабилна и просперитетна и Европски интегрирана Македонија, ќе збориме и славиме победи, а не порази.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2018 00:57