Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Зоран Заев молчи за последниот обелоденет скандал со кој се потврди дека и нанесе огромен срам на државата со именувањето на Хоџа на висока функција во Владата. Сега продолжува да го потценува народот и лаже дека Хоџа си заминал затоа што си ја сака Македонија. Хоџа можеби си ја сака Македонија, но федерализирана. Заев го знаел ова и пред да го направи политичкиот договор со него и да го именува за свој советник.

Почитувани,

Шаќири вели: „Јас лично како единствен избор гледам федерализација на Македонија“. Ова е јасен став на Џезаир Шаќири Хоџа, човек кого Зоран Заев го именуваше за свој советник за безбедност и за борба со радикализмот, и се обиде да го претстави како човек кој ја сака Македонија!

Шаќири вели: „Во рамки на шаховските коцки можеме да бараме федерализација, конфедерализација“ уште еден јасно изразен став на лице со богато криминално досие и екстремистичко делување, кој што од владата на Република Македонија го ангажираше за советник за безбедност!

Заев за свој советник за безбедност именуваше човек од американската црна листа токму заради радикализам и екстремизам, кој што единствена опција гледа во федерализација на Македонија.

Почитувани,

Прашуваме кој тоа ги „мести коцките“ во оваа власт за една намена. Кој и кому му оди во прилог разнебитување на Македонија од внатре?

Зоран Заев вели дека лично разговарал со човекот кој што тврди дека со оружје запоседнал територија која ја истргувал за висока функција во власта.

Во одбрана на изборот на Хоџа за советник за безбедност - наспроти јавноста, професорите, опозицијата, меѓународната јавност - застана Заев, но зад Хоџа застанаа и министрите за одбрана и за внатрешни работи на Република Македонија!

Спасовски и Шекеринска, првите луѓе на македонските безбедносни структури, наместо во одбрана на државата и нејзината унитарност, застанаа во одбрана на владиното ангажирање на вооружен екстремист кој запоседна територии, екстремист кој посакува паралелни институции, нарушување на унитарниот карактер на државата, и повикува на војна за анектирање на македонска територија од соседни држави!

Наместо полицијата и обвинителството да поведат постапка за тоа каде е оружјето на Џезаир Шаќири и на неговите соборци, институциите потиснати од картелот на власт молчат!

Почитувани,

Шекеринска и Спасовски застанаа во одбрана на ангажманот за владин советник да биде поставен човек кој ги слави терористите од Диво Насеље кои убија осум македонски полицајци!

Приказната дека Хоџа бил „вработен за лепче, а сега сам се повлекол“ е за мали деца. Одговорност за овој скандал, мора да има и од тој што го именувал и од оние кои ја дале препораката за Хоџа но најмногу од оние кои ја бранеа оваа срамна одлука.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2018 00:59