Граѓанско демократска унија (ГДУ) предлага намалување на бројот на пратеници и укинување, како што пишува во денешното соопштение, на безобразните патни трошоци околу кои сите се „братски” обединети.
Според ГДУ, Уставот вели дека бројот на пратениците е од 100 до 120, што дава можност и во овој момент да се намали бројот на идниот собраниски состав, без притоа да има потреба од промени на Уставот.
За ГДУ е неприфатлив предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за одземање на пратенички имунитет со дво-третинско мнозинство, наместо со 61 глас, како и тоа да се остави можност за враќање на имунитетот на
- ГДУ се залага актуелното решение за одземање на пратеничкиот имунитет со 61 глас да остане на сила и на пратениците да не им се овозможат дополнителни привилегии во случаи кога ќе треба да бидат изведени пред лицето на правдата. Во спротивно било која политичка сила во Парламентот многу тешко ќе може да обезбеди дво-третинска поддршка и на тој начин на пратениците ќе им се овозможи дополнителна комоција, се наведува во соопштението.