Продолженијата во финалето на лигата на шампионите повторно беа пречка за Вардар да ја освои европската круна. И годинава мораше да играат продолженија, повторно против Ѓер и повторно да останеме само европски вице прваци. Во финалето на Ф4 турнирот Ѓер победи со 27-26 (20-20, 9-9).
Ова е првпат една екипа да ја одбрани титулата во женската лига на шампионите откако се игра овој формат на натпревари. Вардар е единствениот тим што има пет настапи на Ф4 турнирите, но остана без титулат што толку ја посакуваше.
Можеби сѐ ќе беше поинаку доколку последниот напад во контра завршеше со гол, но ударот на Андреа Чанаџија заврши во голманот Ева Кис. Слично како и лани и годинава имавме шанса уште во регуларниот дел од натпреварот да завршиме сѐ во наша корист, но во последните девет секунди не успеавме да направиме акција од која ќе реализираме, а наместо удар судиите свиреа чекори.
Неизвесноста од 2х5 минути секогаш значи и игра на нерви, па оние што се поприсебни имаат предност. Едуарда Аморим даде четири гола во тие дополнителни десет минути, од што три во првите пет. Ние имавме загубени топки, а противникот тоа знаеше да го искористи. Ѓер поведе со 26-23 во втората минута од второто пордолжение, а тоа изгледаше како крај на сѐ. Но, Ние се вративме, покажавме дека имаме сила за пресврт, ама токму во последните секунди немавме концентрација.
Две различни полувремиња од регуларниот дел. Во првото Ѓер беше подобар, имаше водство кое на полувреме сепак можеше да биде во напа корист. Не бевме навикнати на судискиот критериум да се дозволи „помашка игра" што успешного користеа домашните ракометарки.
Амандин Лејно имаше вкупно 16 одбрани на средбата, но тоа не беше доволно за златото што сите го посакувавме. Во второто полувреме од регуларниот дел Вардар имаше предност, што на крај можеше да го круниса и со шампионски гол, ама не стигнавме да упатиме удар, исто како и лани.
Но, ќе остане забележано дека Вардар е единствениот тим што на сите настапи на Ф4 турнирите бил на победничкиот пиедестал, трипати бронзен медал и два пати сребро.