Голманката на Вардар, Амандин Лејно блескаше на финалниот турнир во Будимпешта по што ја освои титулата за најдобар играч, но тоа не му помогна на македонскиот тим да ја освои круната.
Амандин Лејно имаше 17 одбрани во првиот натпревар против Ростов Дон со кои му помогна на Вардар да дојде до финалето.
Вечерва Французинката имаше 19 интервенции, но нејзините колешки не ја искористија фантастичната партија.
Таа е прогласена за МВП на завршниот турнир, но тоа не е утеха ниту за нејзе, ниту за останатите во тимот.