Бугарско-македонскиот бизнис клуб (БМБК) ќе потпише договор за соработка со Обединетите бизнис клубови (ОБК) од Бугарија. Договорот денеска треба да го потпишат претседателот на БМБК Никола Поп Илиев и претседателот на ОБК Веселин Халачев, кој едновремено е и член на бордот на директори на ESBA (Еuropean Small Business Alliance).

ОБК, брои во моментов 2500 членки, Целта е да се грижи за микро, мали и средни претпријатија, за занаетчии и самовработени и е членка на ESBA (Еuropean Small Business Alliance).

Се очекува поврзувањето со ОБК на членките на БКБМ да им овозможи нови деловни поврзувања и пристап до европските проектни фондови.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2018 08:31