Светска автомобилистичка федерација (ФИА) ја разгледува можноста да го укине синото знаме на трките од шампионатот во Формула 1.
Сините знамиња во Ф1 се користат за предупредување кон пилотите што заостануваат да ги пропуштат побрзите без да им пречат. Овој систем често е критикуван од бавните тимови, бидејќи во моментов на пропуштањето тие може да се борат за позиција и да загубат предност.
За разлика од нив, водечките пилоти ги поздравуваат сините знамиња и редовно се жалат дека оние на „опашката“ не се движат доволно брзо.
Според информации од ФИА шансите да се укине синото знаме се нешто под 50%, но тие постојат.