Шампионот на МотоГП, Марк Маркез смета дека Гран При на Франција оваа недела претставува критичен момент за неговите ривали од Јамаха, откако на патеката во Ле Ман ќе стане јасно во каква состојба е конструкторот. Фабричкиот тим на Јамаха ја започна неубедливо сезоната, а во последниот круг во Шпанија тимот не настапи на ниво. Дуото Валентино Роси и Маверик Вињалес завршија петти и седми во трката, и тоа при многу откажувања пред нив. На легендарната француска патека, Јамаха има завидлива историја со победи во последните три години. Шпанецот Маркез, лидерот и победникот во Шпанија, признава дека подобрувањата на Хонда ќе се почувствуваат во Франција, но интересно е да се види каде се наоѓа Јамаха. - Трката овој викенд е поголем тест за Јамаха отколку за нас, бидејќи ако тие не се справат добро, тоа значи дека тие навистина се во лош период, изјави Маркез пред трката викендов. Токму во Франција, Вињалес ја забележа својата последна победа во кралската класа, што значи речиси една година суша.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2018 11:14