Продолжува безидејноста на СДСМ, која се сака да се покрие со празни флоскули, лаги и манипулации

Соопштение до јавноста - реакција на прес конференцијата на Коста Косатадинов

Продолжува безидејноста на СДСМ, која се сака да се покрие со празни флоскули, лаги и манипулации.

Земјоделците, како и сите граѓани во државата се излажани од власта. Нема зголемување на субвенциите, туку истите се помали за 6 милиони евра во однос на лани, нема интервентен фонд за земјоделците од 10 милиони евра, ништо од тоа што го ветија не го остварија.

Власта нема ниту еден сопствен проект. Поради фактот што немаат никакви нови политики се обидуваат да ги присвојат како свои поставените и изградени системи на современа земјоделска политика од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ значи пустош за земјоделците.

ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година ја презема власта без никаква развојна политика за земјоделието, со слаби и неизградени институции. Протестите и палењето на тутунот беа секојдневие додека СДСМ беше на власт. ВМРО-ДПМНЕ веднаш по доаѓањето на власт во 2006 година ја зголеми буџетската поддршка, која во континуитет ја зголемуваше и стигна до проектиран буџет од 140 милиони евра годишно.

ВМРО-ДПМНЕ 10 години ги санираше штетите од СДСМ и спроведе модерни развојни политики за земјоделието.

СДСМ ги наследи поставените системи и мерки. Без успешните развојни политики на ВМРО-ДПМНЕ земјоделците ќе беа заборавени и оставени на маргините. Оваа ненародна власт ниту работи, ниту некогаш работела во полза на земјоделците. Земјоделците заслужуваат подобро.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2018 14:46