Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип денеска соопшти дека спорниот тендер за готови оброци во Клиничката Болница во тој град крие уште многу спорни детали.
Членот на Извршниот комитет на таа партија и претседател на Општинскиот комитет, Иван Јорданов вели дека ако се направиме анализа на цените по склучениот договор, на само пет комерцијални производи од менито, ќе се утврди разликата меѓу цената по договорот и малопродажната цена.
Според него, очигледна е разликата меѓу цената по договор и реалната малопродажна цена на производите на пазарот.
-Кој изгуби, а кој доби од овој неквалитетен и скап тендер? Дали цените се формирани за задоволување на нечии лични интереси? Зарем пациентите од Истокот заслужуваат СДСМ вака да ги троши нивните пари?, праша Јорданов.