Американската тенисерка Серена Вилијамс изјави дека се враќа на натпреварувањата со цел повторно да биде најдобра во светот.
Вилијамс од јануари 2017 година беше на породилно отсуство, а сезонава се врати со настап на турнирите во Индијан Велс и Мајами. Потоа се повлече од мастерсите во Мадрид и Рим, но се очекува да настапи на Ролан Гарос.
- Не се враќам само за да се натпреварувам, туку за да победувам. Сакам мојата ќерка да види дека мајка и е многу добра во она што го работи, истакна американската тенисерка.
Серена Вилијамс, која е една од најдобрите тенисерки на сите времиња, досега три пати го освои Ролан Гарос.