Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред почетокот на работната вечера од процесот Жан Моне што се одржува во Охрид одговараше на новинарски прашања, во продолжение ви ги пренесуваме интегралните одговори:
Прашање, новинар: Што мислите за предлогот Република Илинденска Македонија?
Одговор: Денес сме овде на завршната вечера кој што е дел од процесот Жан Моне. Ова е процес кој по наша иницијатива по состаноците во Брисел и со Европската тројка и на наше барање беше преместен од куќата Жан Моне во Македонија. Тука сум на завршната вечера и очекувам да дознам од моите соговорници што се договорило за време на работниот дел од овој процес така да дури тогаш ќе ги имам прецизните детали. Што се однесува до вашето прашање да ја почекаме лидерската средба која ќе даде одговор на вашето прашање по што ќе имаме став.
Прашање, новинар: Кој е вашиот впечаток за преговорите?
Одговор: Сега за сега немам впечатоци, за вакви сериозни теми сакам да располагам со прецизни информации. Јас сум сериозен човек и не би сакал да претпоставувам ниту да одговарам на хипотетички прашања. Гледаме оптимизам песимизам гледаме од грчка и од македонска страна прилична какафонија така да ја почекаме лидерската средба во текот на утрешниот ден за да ги имаме информациите.
Прашање, новинар: Лично дали ви се допаѓа Република Илинденска Македонија?
Одговор: Мене лично ми се допаѓа Република Македонија