FIFA 2018 Светското првенство во Русија наближува – 46 дена до самиот старт!
За помалку од 2 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светско првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники, каде домаќинот ќе ги измери силите со Саудиска Арабија.
Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.
46 – Во дамнешната 1946 година, Трофејот на фудбалското светско првенство беше преименуван во Џулс Римет Пехар во чест на тогашниот претседател на FIFA. Французинот беше главната движечка сила за создавањето на Светското првенство, чие што првично издание беше одржано во Уругвај во 1930 година.
Инспириран од успесите на Олимписките фудбалски турнири во 1924 и 1928, Римет ја искористи својата моќ на убедување и заразна страст, како би го убедил конгресот на FIFA и нацијата домаќин да го организираат првенството, но и 12 – те нации кои допатуваа во Монтевидео за да бидат дел од она што денес го знаеме како најголем светски настан.
Во 1946, неговите врсници одлучија да оддадат почит на овој визионер, кој тогаш славеше 25 години на чело на управувачкото тело во светот на фудбалот што е најдолгиот мандат на оваа позиција (1920-1954).