Јапонскиот гигант Сони е на пат да стане најголемата музичка компанија во светот, откако постигна договор за купување на британскиот ЕМИ за 2,3 милијарди долари.

Со потпишувањето на договорот, Сони ги добива правата врз над две милиони песни, вклучително и хитовите на автори како Кање Вест и Сиа. Новиот директор на Сони Кеничиро Јошида најави дека зделката ќе им помогне на компанијата да го искористи враќањето на оптимизмот во музичката индустрија, со подемот на компаниите за интернет емитување музика како Епл Мјузик и Спотифај.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2018 15:22