Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во Вашингтон оствари средба со Сузан Фалатко, заменик на бирото за Јужна и Источна Европа во американскиот Стејт Департмент.
Во текот на разговорот стана збор за стратешкото партнерство помеѓу Македонија и САД, како и за актуелните прашања поврзани со НАТО интеграцијата на Македонија.
На средбата пратеникот Ѓорчев ги истакна загрижувачките процеси во Македонија поврзани со политичкиот прогон, состојбата со медиумските слободи и влошувањето на економската состојба.
Воедно, Ѓорчев се сретна со претседателката на Херитиџ фондацијата Кај Колс Џејмс, заблагодарувајќи се за долгогодишната улога на Херитиџ во промоцијата на македонско - американските односи, користејќи го уставното има на Македонија. Фондацијата Херитиџ е меѓу водечките тинк тенкови во Вашингтон, блиска до Републиканската партија.