Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите припадници на влашката етничка заедница во Македонија да им го честитам празникот 23 мај – Национален ден на Власите.

23 – мај е ден кога се афирмира влашката култура и традиција и нивното вековно постоење во нашата заедница.

Влашката заедница е дел од богата култура и историја во Македонија, но и иднината која заеднички ја градиме. Власите низ историјата имаат огромен придонесе во градењето на заедничката држава и во историската борба за самостојна, независна и демократска Република Македонија.

Нашите заеднички вредности продолжуваат да градат единство, разбирање и хармонија во нашата земја. Овој ден нека биде симбол за нашите заеднички заложби за подобра и посветла иднина на нашата земја.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2018 13:14