Двајцата искусни фудбалери на Евертон, Вејн Руни и Лејтон Бејнс, веројатно во многу скоро време ќе го напуштат клубот и ќе се приклучат на американската МЛС лига, јавуваат англиските медиуми.

Како што е наведено, Руни одамна е поврзуван со ДС Јунајтед од Вашингтон и утре би требало да пристигне во САД на разговори и медицински прегледи.

Што се однесува до Бејнс, тој може да го напушти „Гудисон Парк“ по 11 години, а како најсериозен кандидат за неговиот трет клуб во кариерата, по Виган и Евертон, е Лос Анџелес Галакси.

Додека Руни и Бејнс се близу до напуштањето на Гудисон, за пополнување на испразнетото менаџерско место по смената на Сем Олердајс, најсериозен кандидат е Марко Силва, поранешен тренер на Вотфорд



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2018 13:54