Францускиот фудбалски шампион ПСЖ му понуди четиригодишен договор на 40-годишниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, објавија италијанските медиуми.

Според „Ла Република“ преговорите меѓу двете страни се одвиваат успешно, а францускиот клуб му нуди на легендарниот голман договор на четири години, а не два, како што претходно беше објавено во печатот.

Буфон во саботата го одигра последниот натпревар за Јувентус и е слободен играч.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2018 15:03