Доскорешниот фудбалер на Манчестер сити, Јаја Туре призна дека би го облекол дресот на најголемиот ривал Манчестер јунајтед, со цел да има можност да работи со Пол Погба.

Откако заврши ангажманот на Туре во Сити, дел од новинарите се интересираа дали ќе премине во тимот на градскиот ривал.

- На Погба му е тешко поради начинот на кој медиумите се однесуваат кон него. Немаме ист начин на игра, бидејќи јас трчав насекаде. Но, како и јас, и тој е силен. Тактички е многу добро подготвен и способен да постигнува голови...Тој е фудбалер со кого би сакал да играм, истакна Туре и додаде дека Погба има што да научи од него.

Туре по осум години на крајот од сезоната замина од Сити и потенцира дека му е тешко да избере нов клуб.

- Толку многу остварив со Сити. Сакам да најдам нов клуб со кој ќе можам да играм на високо ниво, можеби во Лигата на шампионите или во Лига Европа. Можеби ќе играм уште две години, а потоа ќе се посветам на нешто друго, наведе фудбалерот.

Претходно Туре настапуваше за Барселона и Монако.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2018 16:33