Тениската легенда Крис Еверт упати критики до Женската тениска асоцијација (ВТА) и до организаторите на „Ролан Гарос“, бидејќи не ја вброија американската тенисерка Серена Вилијамс меѓу носителките на турнирот.

Организаторите на вториот Грен слем сезонава одлучиле фаворитите да ги прогласат врз основа на ранг листата која важи од овој понеделник.

Вилијамс, која паузираше една година поради трудничко отсуство, не се најде меѓу носителите. Но, на американската тенисерка учеството на „Ролан Гарос“ и е обезбедено со заштитената позиција, што подразбира дека на тенисерката, која отсуствувала поради здравствени причини, има право да се врати на одредени турнири и тоа на позиција на која била пред да замине на боледувањето.

- Грешат што не ги заштитуваат тенисерките. Не само поради Серена, туку и поради другите тенисерки со кои би можела да игра во првото коло. Тоа би можела да биде и Халеп.., истакна Еверт.

Поранешната тенисерка наведе дека Серена не одлучила своеволно да отсуствува во период од една година.

- Ако сте принудени да се повлечете, треба да бидете и заштитени, потенцира Еверт.

Во меѓувреме, се појавија гласини дека Серена Вилијамс може наскоро да биде вметната на списокот со носителки на „Ролан Гарос“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2018 21:51