Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва се на ТВ дуел на МРТ.
Првата тема за која ги судрија ставовите е внатрешна политика, реформи во судството.
Заев говореше за транспарентноста на судските слчаи и постапки.
-Реформите верувам дека правно, формално ќе ги средиме со законите, но нивната имплементација зависи од луѓето, рече Заев.
Мицкоски одговори дека македонскиот премиер е три пати помилуван и дека затоа се нерамноправни.
-Неговото искуство вели дека три пати е помилуван за криминал. Еднаш од страна на поранешниот претседател на државата, за познатиот случај Глобал. Вториот пат од страна на СЈО за случајот Пуч и еве сега гледаме на очиглед на јавноста, кога се обидоа да не претстават како слепи и глуви, дека тоа што го слушавме не го слушавме и тоа што го гледавме дека не го гледаме. Во отсуство на транспарентност и јавност, ни беше ветувано дека ќе бидат пуштени сите тие снимки, видовме дека тоа не се случи. И на крајот од денот, сега премиерот, а тогаш градоначалник на Струмица доби ослободителна пресуда. Јас не сум имал такво искуство во животот и навистина споделуваме различни вредности од тој аспект, посочи Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му порача на лидерот на СДСМ дека независноста во судството е клучна реформа, а не транспарентноста. Според Мицкоски, судството никогаш не било позаробено од денес.
– Или сте потомок на баба Ванѓа или на некој друг начин ги дознавате судските пресуди. Имаме претседател на Влада кој точно ги претсакжува и ги најавува последните две судски пресуди за важни судски случаи во Македонија, истакна лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во ТВ дуелот со премиерот Заев на МРТВ.