На вечерашниот ТВ Дуел помеѓу Заев и Мицкоски, премиерот обвини дека опозицијата не смогна сили да се огради од настаните од 27 април.

- Се надевам дека вакви лузни на челото никогаш повеќе македонски политичар нема да има во Македонија. Никогаш да не се повторат. Се уште ги поддржувате ваквите политики, не смогнавте сили ниту еднаш да се оградите од ваквите политики. Не треба никој да има вакви лузни. Барем да се оградевте од таквите политики, од тоа насилство коешто се случи врз македонски политичари, а не треба да се случува ниту врз граѓани. Ова е црното петно на Македонија, рече Заев.

Според него, нема повреда на човекови права или права на пратеници при спроведување на постапката затоа што МВР постапува по судски налог согласно правилник којшто јасно пропишува како се постапува.

- Јас почитувам дека правобранителот има став, но повикувам да се отворат постапки. Ако некој се огрешил при спроведувањето треба да одговара за пример. ВМРО-ДПМНЕ имаат можност да отворат вакви постапки, секогаш може тоа да го направат. Ако има грешка во постапката тој што згрешил треба да си понесе одговорност, рече Заев.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2018 22:45