На конкурс ли вашите градоначалници, секретари и советници си ги вработија членовите на потесното нивно семејство?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот ТВ дуел директно го запраша Зоран Заев во врска со реформите во јавната администрација дали преку конкурс градоначалничката на Битола го вработи својот брат или градоначалникот на Берово сопругата?

-Дали на конкурс го ангажираше генералниот секретар на Владата својот кум за адвокат или исто преку конкурс директорката на агенцијата за вработување откако е директор ги вработи сестрата на нејзиниот сопруг, синот на сопругот, внукот од сестра на сопругот и старосватицата? Синот на советникот ваш Грчев исто така преку конкурс го вработи во ЕЛЕМ, на Села и Талат Џафери ќерката?, сите овие беа преку конкурс ли вработени, прашува Мицкоски.

Тој додава и дека Заев сонува и дека овие луѓе не се вработени преку конкурси, а Мицкоски е тука да му помогне на Заев бидејќи не е таква реалноста.

-Опкружени се со луѓе кои сакаат да ви кажат тоа што сакате да слушнете, но граѓаните за жал трпат. Ајде да направиме држава каде секој ќе може да напредува, потенцираше Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2018 22:51