Македонија нема алтернатива освен итеграцијата во НАТО и ЕУ, затоа е важно да бидеме максимално креативни и буквално да изнајдеме решение коешто ќе го сочува нашето достоинство и ќе го потврди нашиот идентитет. Републикиа Илинденска Македонија не само што го сочувува туку и го унапредува идентитетот. Не слушнав сериозни аргументи зошто е проблематично тоа име, а притоа македонски јазик е потврден, идентитетот е наш потврден дури и граѓанството стои македонско/граѓани на таа земја, затоа што имаме Албанци, Бошњаци, Власи и други етнички заедници.
Ова го истакна премиерот Зоран Заев вечерва на ТВ Дуелот со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според него, не е лесно да се реши ова прашање и на Македонија и треба лидерство конечно да исчекори напред.
- По вакви прашања треба да градиме заеднички стратегии, заеднички ставови. Лесно е да се биде против, но треба да кажете што ако не се реши, кој е патот на Македонија, како да обезбедиме добра иднина на граѓаните. Затоа сме вака посветени оти НАТО значи сигурност, безбедност и економија. ЕУ значи повеќе пари за граѓаните. Сето тоа е гарантирање на иднината на младите луѓе за да ни останат овде. Остануваме посветени до конечната цел, секако зачувувајќи го достоинството и идентитетот, рече Заев.