На вечерашниот дуел на Македонската телевизија лидерите на двете најголеми македонски политички партии дебатираа и за спорот со името.
Мицкоски, пак, посочи дека во моментов постои егзибиционистички процес кој, вели, нема добро да заврши и го потсети Заев на интервју дадено на крајот на февруари за германски Шпигел каде кажал дека не треба решението да се бара во промена на Уставот.
- Македонија и претходно имаше стекнато право со јазик, националност и кодови, рече Мицкоски.
Заев возврати дека за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога во јавноста, рече, се билдаше патриотизмот, а тајно се преговараше за името, лицитирајќи лепеза од предлози денес Влдата е отворена за процесот.
- Денес сме отворени, граѓаните ги знаат сите детали за преговарачкиот процес, вие ги знаете, сите ги знаат. Што е со идентитетот, со кодовите, со иредентизмот, кое е името за коешто се разговара и продолжуваме понатаму. Тоа е отворена Влада која што разговара и по вака сензитивни прашања за да најде решение апсолутно почитувајќи ја опозицијата. Сакам заедно да застанеме на ова прашање затоа што НАТО и ЕУ е иднината на нашите деца, рече Заев.