Господине Заев не само што лажите туку сушите. Нашиот став после лидерската средба го кажавме ве замолив немојте да излагате со оваа изјава и да не ги уривате преговарачките позиции на Република Македонија, процесот не е веќе тука после таа изјава, а Грците ќе го одбијат, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот ТВ дуел со премиерот Зоран Заев.

Господине Заев ова ми личи повеќе или помалку на вицевите за Мали Ѓокица како ги замислувал работите. Нема тука пакет или непакет, тоа е завршена работа.Она што е важно е дека ако ние континуирано го водиме процесот да ги задоволиме барањата на едната страна , тогаш нема како ние да победиме во тој процес, ние можеме само да капитулираме, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека нема како да најдеме достоинствено решение на тој процес освен, освен да биде тој завршен со недостоинствено решение, бидејќи сега се попушти и за географска одредница и за ерга омнес односно едно име за севкупна употреба и на крај ќе остане само кодот МК бидејќи тој е истиот и на латиница и на кирилица.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2018 23:11