Во овој момент имаме егзибионистички процес на преговори. Така почнаа, така се тера, ќе видиме како ќе заврши. Гледаме дека не оди на арно работава.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот ТВ дуел со премиерот Зоран Заев.
Мицкоски го праша Заев каде им е патриотската жица од гитарата за која премиерот говореше.
-Ќе го потсетам господинот Заев и на жицата од гитарата и на жицата за алиштата. Онаа македонска жица кога „изгубен по времето, ќе талка по семето„ иако до ден денес не знам што сакаше да каже со тој стих господинот Заев. Но, еве ќе го потсетам и на интервјуто кое го даде во февруари за германски Шпигел каде рече дека „Не треба решението да се бара во промена на уставот“, му посочи тој.