Ние како политичка партија излеговме со наша позиција и кажавме во кој дел имаме забелешки, многу јасно, гласно и транспарентно го кажавме тоа дека договорот со Бугарија е асиметричен и еве допрва ќе видиме кои ќе бидат реалните последици во реалниот живот.Само знаете што, вашата позиција со соседите не можете ја купувате распродавајќи ја Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот ТВ дуел на Македонската телевизија со Зоран Заев.
Според него, целта на еден политичар треба да биде како на крајот од денот во едни преговорите да освои што е можно поголема територија во тие преговори на сметка на својот народ и својата држава, без разлика дали станува за културни и уметнички аспекти.
Мицкоски го осуди тргувањето на Зоран Заев со националните интереси и чувствата на Македонците, посочувајќи дека таквото негово однесување е добредојдено во секоја држава, а е на директна штета на Република Македонија и нејзините граѓани.
Мицкоски во дуелот со Зоран Заев, истакна дека премиерот го урнисал целиот преговарачки процес за името со егзибиционистичкото водење на процесот на преговори.
Тој вели дека Заев преговорите за името ги започнал егзибиционистички и така ги завршува. Мицкоски констатираше дека со прифаќање на ерга омнес решение, односно име за севкупна употреба, Заев ги кренал очекувањата кај грчката страна со што се загрозиле преговарачките позиции на Македонија, а во иднина очекувањата на грчката страна само ќе растат.
На овој начин, вели, се отежнува преговарачкиот процес на било која иднина влада која преговара за решение на проблемот со името.
-Господинот Зоран Заев излагаше на телевизија, на национален медиум каде што пред граѓаните на Република Македонија кажуваше дека нема да преговара за уставното име на Република Македониј.Господинот Заев за германски Шпигл ќе каже „Нема да го барам решението во промена на Уставот“ . Господинот Заев денеска тука ќе каже дека „го спасил достоинството“. Како го спасил? Не сте го спасиле господине Заев. Вие, Зоране, сте го урнисале целокупниот процес на преговори некој што со години го создавал, вели Мицкоски.
Во повеќе наврати Мицкоски го потсети Заев на неговите изјави за македонски, но и странски медиуми меѓу кои и за германскиот весник Шпигл во кои тој вели дека нема да преговара за промена на уставот на Македонија.
Мицковски уште еднаш го потврди ставот на најголемата опозициска партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, дека нема да прифати промена на уставот со цел промена на уставното име.