Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на ТВ дуел го праша премиерот Зоран Заев, дали знае кој е најголем капитал за една држава, посочувајќи му дека тоа е народот.

Мицкоски додаде дека преговарачките процеси кој што го води актуелната власт на СДСМ е на еден егзибиционистички начин кој е на директна штета на македонскиот народ, истакнувајќи дека и покрај тоа што Заев го потценил народот, сепак народот ќе се издигне врз сите овие понижувања и ќе продолжи да ја гради македонската држава како што тоа го правеле и во минатото.

-Знаете ли кој е најголемиот капитал господине Заев за една држава? Народот. Вие го потценивте народот. Народот сам ќе ја изгради оваа држава, како што ја изградил до сега. Процесот преговори со Европската Унија и процесот на интегрирање во НАТО е паралелен со ова. Народот сам ќе се изгради, само на народот му треба чесни политичари кои што ќе ја водат целокупната обнова на македонската држава. Тоа му треба на народот. Тоа е најголемиот капитал, му порача Мицкоски на Заев.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2018 23:24