Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на јавниот сервис на МТВ во дебата со Зоран Заев ги разобличи лагите на премиерот во однос на спорот за името и неконзистентниот став за името на Република Македонија.
-Ако еднаш излажавте за името, излажавте уште еднаш, како сакате да ви веруваат граѓаните, запраша Мицкоски и додаде: Имаме егзибиционистички процес, така започна, така се тера, а ќе видиме како ќе заврши тој процес.
Мицкоски врз основа на ова констатираше дека процесот за спорот со името не иде на арно. Потсетувајќи го премиерот за небулозните и контрадикторни изјави јавно за што се сведоци сите граѓани, со примери ги разобличи лагите на Заев.
-Заев излегуваше на еден национален медиум и јавно кажуваше дека нема да преговара за уставното име, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и го потсети Заев на изјавата која ја има дадено за Шпигел, дека решението за спорот за името не треба да се гледа во промена на Уставот.
-Господинот Заев тука ќе каже дека го спасиле процесот. Зоране вие го урнисавте целиот процес, некој што со години го градел во минатото. Прашајте ја поранешната министерка за надворешни работи ќе ви каже што значи преговарање и што значи процес на преговори.
Мицкоски за неконзистентниот став на Заев за спорот со името кажа: Ќе ја менувате изјавата за некое друго решение за некој месец, и тогаш претпоставувам ќе кажувате заштитивте ова, заштитивте она. Знаете ли што е најголем капитал за една држава? Народот, а вие го потценивте народот. Народот сам ќе ја изгради оваа држава како што досега ја изградил, процесот на преговори со ЕУ и процесот на интегрирање во НАТО Алијанса е паралелен процес. Народот сам ќе си ја изгради, но затоа му треба чесни политичари кои што ќе ја водат целокупната обнова на државата. Господине Заев со егзибицонистичките настапи само успеавте да го урнисате она што е 25 години создавано, Вие мислите мислевте дека имате решение немавте ништо, констатираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.