Македонија конечно после 11 години зачмаеност е на вистинскиот пат кон стратешките определби-ЕУ и НАТО, а тоа го потврдуваат и сите извештаи за земјата истакна во своите завршни зборови премиерот Зоран Заев на вечерашаниот ТВ дуел на националниот сервис со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Според него, стабилноста на економијата веќе ги дава своите резултати и ќе продолжи да ги дава, а граѓаните, рече, се тие кои треба да ги почувствуваат економските резултати.
- Јас сум убеден дека периодот пред нас тоа ќе го потврди затоа што како мала земја со мал пазар ние можеме преку пријателство, преку отворање нови пазари зголемување на извозот, на севкупните инвестиции, зголемување на БДП тогаш да очекуваме граѓаните да почувствуваат од оваа работа.Во периодот што е пред нас ние како левичари очекуваме граѓаните да видат и фер општество за сите. Најавувам време во кое што ќе има праведно оданочување каде што побогатите ќе плаќаат повеќе, а посиромашните дел помалку, каде што токму со тие пари ќе се помогне на социјално најзагрозените преку социјалната помш, преку бесплатното болничко лекување, каде вистински ќе градиме социјално општество какво што доликува на една нормална земја, каква што Република Македонија конечно е, порача Заев.