Минатата влада имаше проекти, проектот за гасоводот постоеше, не е нов. Проекти немаше во 2006 година кога владата имаше блокирана сметка. Тоа е рзликата помеѓу оваа и претходнта влада од аспект на креирање, спроведување и завршување на проектите, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот ТВ дуел со премиерот Зоран Заев.
Кога спомнувате за капиталните инвестиции, ќе ви кажам 7,5 проценти во првите месеци е реализазија на капиталните инвестиции. Уште еден податок, една голема мултинационална компанија, откако и’ заврши договорот после десет години, ви уплати ли сега 25 милиони евра данок на добивка и аконтираше за следната година? Е таа ќе уплаќа секоја година, му реплицираше Мицкоски на Заев, за прашањето околу економските реформи и ветените и неисполнети капитални инвестиции на новата влада предводена од СДСМ.
Тоа што е добро, добро е. Ние продолжуваме да привлекуваме странски инвестиции. Севкупните политика на оваа држава се води во исправен правец. Ќе има пари за реформите само преку чесни политики, не популистички, рече Заев.
Мицкоски потсети дека индиректниот ефект на странските инвестиции во Македонија е најмалку 100 милиони евра со домашни кооперанти годишно.
Ако тие, откако оваа година им заврши договорот 10 години да не плаќаат данок на добивка, само во еден момент на буџетот му дале милијарда и половина денари, вие треба да кажете браво и кога ќе одите да се сликате таму, да кажете алал вера на тие што ве донесоа, истакна Мицкоски.