Македонија конечно после 11 години зачмаеност е на вистинскиот пат кон стратешките определби-ЕУ и НАТО, а тоа го потврдуваат и сите извештаи за земјата истакна во своите завршни зборови премиерот Зоран Заев на вечерашаниот ТВ дуел на националниот сервис со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во текот на дебатата премиерот Заев истакна дека економските реформи се клучни и ги даваат резултатите, а според Мицкоски дека економските параметри на Владата не гарантираат подобар живот за граѓаните.

- Затекнавме заробена држава и комплетно урнисана економија и работници со минимални плати од 9.000 денари со згазени рботнички права и целосно контролирани синдикати. До крајот на 2019 година ќе се остварат нашите ветувања за просечна плата од 500 евра, а во тоа ни помага зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари што веќе почна да дава резултати предизвика пораст на просечната плата за 5,6 отсто, порача премиерот Заев.

Тој посочи дека преку воведувањето на евтината дневна тарифа на струјата веќе на граѓаните им се вратени околу 11 милиони евра, а со укинувањето на радиодифузната такса 12,4 милиони евра.

- Најсериозниот пораст на плати ќе се случи ако има инвестиции во државата, а инвестиции се случуваат заради Програмата за економски раст и политиките на Владата. Резултатите во Македонија се гледаат и верувам дека сето тоа ќе придонесе до крајот на 2019 година да се постигне плата од 30.000 денари, рече Заев.

Нагласи дека во моментов се преговара со 200 потенцијални инвеститори и додаде дека изедначувањето на условите за домашните и странските инветитори ќе проидонесе повеќе домашно инвеститори да се одлучат да инветираат во земјава, а тоа, како што кажа, се сигурни инвестиции бидејќи тука ќе останат.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2018 00:39