- Затекнавме заробена држава и комплетно урнисана економија и работници со минимални плати од 9.000 денари со згазени рботнички права и целосно контролирани синдикати. До крајот на 2019 година ќе се остварат нашите ветувања за просечна плата од 500 евра, а во тоа ни помага зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари што веќе почна да дава резултати предизвика пораст на просечната плата за 5,6 отсто, порача премиерот Заев.
Тој посочи дека преку воведувањето на евтината дневна тарифа на струјата веќе на граѓаните им се вратени околу 11 милиони евра, а со укинувањето на радиодифузната такса 12,4 милиони евра.
- Најсериозниот пораст на плати ќе се случи ако има инвестиции во државата, а инвестиции се случуваат заради Програмата за економски раст и политиките на Владата. Резултатите во Македонија се гледаат и верувам дека сето тоа ќе придонесе до крајот на 2019 година да се постигне плата од 30.000 денари, рече Заев.
Нагласи дека во моментов се преговара со 200 потенцијални инвеститори и додаде дека изедначувањето на условите за домашните и странските инветитори ќе проидонесе повеќе домашно инвеститори да се одлучат да инветираат во земјава, а тоа, како што кажа, се сигурни инвестиции бидејќи тука ќе останат.
На тоа Мицкоски му одговори дека за да имаат граѓаните просечна плата од 500 евра дури и да има редовни парламентарни избори во 2020 година, ќе треба да има номинален пораст на платите на вработените за 11 отсто годишно и додаде дека јавно објавените показатели на сајтот на Министерството за финансии, покажуваат дека годинава ќе има номинален раст на платите од четири отсто, а реален од 2,3 отсто.
Потенцира дека растот во 2017 година бил нула отсто, иако првично бил проектиран на 2,6 отсто со ребалансот, па потоа крајот на ноември нивелиран на 1,6 отсто. Тој изрази сомнеж дека за годинава ќе се оствари планираниот раст од 3,2 отсто.
- Верувајте и на Светска банка и ММФ кои се скептици дека растот во 2018 година ќе биде 3,2 отсто. Едните го намалија на 2,8, а другите на 2,2 отсто, потенцира Мицкоски.