Мицкоски му одговори дека за да имаат граѓаните просечна плата од 500 евра дури и да има редовни парламентарни избори во 2020 година, ќе треба да има номинален пораст на платите на вработените за 11 отсто годишно и додаде дека јавно објавените показатели на сајтот на Министерството за финансии, покажуваат дека годинава ќе има номинален раст на платите од четири отсто, а реален од 2,3 отсто.

Потенцира дека растот во 2017 година бил нула отсто, иако првично бил проектиран на 2,6 отсто со ребалансот, па потоа крајот на ноември нивелиран на 1,6 отсто. Тој изрази сомнеж дека за годинава ќе се оствари планираниот раст од 3,2 отсто.

- Верувајте и на Светска банка и ММФ кои се скептици дека растот во 2018 година ќе биде 3,2 отсто. Едните го намалија на 2,8, а другите на 2,2 отсто, потенцира Мицкоски.

Заев одговори дека недостатокот на проекти е причината за лошата реализација на капиталните инвестиции во првиот квартал од годинава кога се реализирани само 7,4 отсто или 30 милиони евра од планираните 400 милиони евра.

Мицкоски нагласи дека на почетокот на 2017 година, кога, како што рече, тврдите дека имало заробена држва, реализацијата на капиталните инвестиции беше 25 отсто, а сега, додаде, е само 7,4 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2018 00:47