Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на дуелот на МТВ со Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во неколку наврати потенцираше дека оваа влада го доби предзнакот ќе, односно се зборува дека е „ќе Влада“.
Тој тоа го потенцираше со неколку аргументи во однос на повеќе области од општественото живеење.
- Ќе донесеме живот, ќе изградиме патишта. Ќе направиме нов клинички центар, ќе ја подобриме администрацијата. Ќе отвориме нови работни места, ќе донесеме странски инвеститори. Ќе ги зголемиме платите, ќе направиме реформи во судскиот систем. Веќе година дена функционирате на ќе. Ништо конкретно, ништо реализирано, истакна Мицкоски.