Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети се сретна со заменик-помошникот државен секретар во Стејт департментот, Мет Палмер.
Од ДУИ информираа дека на состанокот се разговарало за преговорите меѓу Скопје и Атина и можностите за затворање на спорот за името со цел да се отворат вратите на НАТО и ЕУ за Македонија.
Ахмети истакнал дека ДУИ го поддржува затворањето на прашањето и придонесува за постигнување на прифатлив компромис за двете страни.
- Компромисот ќе ни овозможи да добиеме покана за влез во НАТО и да добиеме датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Евроатлантската интеграција на Македонија е наш приоритет бидејќи овозможува мир, стабилност и безбедност, но исто така отвора нови и конкретни економски перспективи, посочил Ахмети.
Во соопштението од ДУИ се наведува дека САД силно ја поддржуваат евроатлантската перспектива на Македонија и поттикнуваат надминување на сите пречки на овој пат.