Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски, по повод 24 мај - Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј и ден на словенската писменост и култура упати честитка до граѓаните на Република Македонија.

„Во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, упатувам честитка до граѓаните по повод 24-ти мај. Денеска со особена гордост и достоинство, го славиме денот на сесловенската писменост и култура, го славиме делото на браќата Кирил и Методиј.

Светите Просветители Кирил и Методиј имаат уникатно историско и културно значење за целиот свет, особено за Македонија, промовирајќи ја нашата татковина како родилка на сесловенската писменост и култура.

Нивната дејност нека биде пример и водилка за сите нас, да се стремиме и да работиме за општо добро, за подобро заедничко утре на сегашните и идни генерации.

Делото на Кирил и Методиј е наша водилка да работиме за доброто на сегашните и идни генерации“.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2018 18:12