Британскиот велосипедист Крис Фрум од тимот Скај го презема водството во генералниот пласман на трката Џиро Д’Италија, откако труимфираше на 19 етапа долга 185 километри.
Фрум оствари доминантна победа на планинската етапа и ја облече лидерската розева маичка, која досега ја носеше неговиот сонародник Сајмон Јејтс.
Британскиот велосипедист ја заврши етапата со дури три минути предност пред вториот Ричард Карапаз, а во генералниот пласман има 40 секунди предност пред бранителот на титулата Том Думулан.
Утрешната претпоследна етапа исто така е планинска.