Претседателот на Собранието , Талат Џафери, во интервју за српската Н1 телевизиjа изјави дека нема ништо лично против поранешниот премиер Никола Груевски, како одговор на прашањето за инцидентот помеѓу него и Груевски на седницата на Собранието на која се гласаше Законот за јазици.

Тој додаде дека Никола Груевски во моментов има психолошка криза.

„Јавните личности се сами одговорни за нивното однесување во јавноста. Нападот е одраз на психолошка криза со оглед на тоа дека многу процеси за кривични дела се водат против него, како и неговата смена од претседателската функција во партијата. Сето тоа беше причина за во дадениот момент тој да не може да се исконтролира себе“, рече Џафери.

На овие обвинувања Груевски на фејсбук напиша:

„Читам Талат изјавил дека сум бил во психолошка криза.

Познавајќи го секогаш кога некој ден нема доволно да се дезинфицира, добива апстиненцијална криза и вака се однесува.

Не му се лутам. Не е за лутење.“



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2018 02:29