Соопштение до јавноста - реакција на реакцијата на СДСМ која се однесуваше на прас конференцијата на Александар Николоски

СДСМ ветуваше членство во ЕУ и НАТО за шест месеци. Помина една година од владеењето на криминалниот картел, а не само што нема членство во ЕУ и НАТО туку Македонија добива се поотворени критики за корупцијата на сите нивоа, партизираното и клиентелистичко судство и заробената држава.

СДСМ и криминалниот картел на власт преку написи во провладини медиуми се обидуваат да ги убедат граѓаните дека франција, Холандија и Данска се непријатели на Македонија, дека не ја сакаат земјава и затоа пишувале неточни извештаи.

За жал на граѓаните, катастрофалната политика на криминалниот картел на власта не може да се прикрие. ВМРО ДПМНЕ предупредуваше дека неспособната власт ја носи Македонија во пропаст. Зоран Заев и неговите послушници мислеа дека сето тоа ќе го покријат со лажни вести во исплашените домашни медиуми. Сега гледаме дека не е така. Една година по владеењето на Зоран Заев е јасно дека нема отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, ниту пак датум за отпочнување на преговорите.

Време е Заев и неговите соработници да понесат одговорност за неуспехот. Време е Заев и неговите соработници да престанат да глумат опозиција.

ВМРО ДПМНЕ во време на своето владеење за разлика од СДСМ и во најтешката светска финансиска криза обезбедуваше економски раст и се избори за визна либерализација и позитивни препораки за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2018 01:58