Раководството на Отвореното првенство на Франција најави дека наградниот фонд оваа година ќе биде за осум проценти поголем од ланскиот и ќе достигне 39 милиони евра.
На овој начин „Ролан Гарос“ ќе се претвори во „најдарежливиот“ Гренд слем турнир од почетокот на годината, но најверојатно ќе биде надминат од „Ју Ес Опен“ во август.
Зголемувањето на наградниот фонд најмногу ќе го полувствуваат тенисерите што ќе отпаднатите во првиот круг, кои веќе ќе добиваат по 40 илјади евра, што е за 14 отсто повеќе од лани.
Победниците кај мажите и жените ќе добијат чек за 2,2 милиони евра, што е зголемување за речиси пет отсто.
Француската тениска федерација, сепак, предупреди дека тешко ќе може да се задржи стабилното зголемување на наградниот фонд на „Ролан Гарос“ во наредните години, бидејќи планира да вложи околу 400 милиони евра за изградба на подвижен покрив на централниот терен на комплексот.